Ракчевиќ го продолжи договорот со Металург

Црногорскиот репрезентативец Младен Ракчевиќ го продолжи договорт со Металург, бјави клубот на својата интернет страница.Кружниот напаѓач, во четвртокот, ставил потпис на новиот договор, според кој во Металург ќе остане уште два години.“Јас сум навистина среќен што буквално за две минути се договорив со раководството на клубот и го продолжив својот договор за уште две години. Во ниту еден момент не размислував за било која друга солуција сем договор со клубот во кој сум пресреќен и во кој ги поминав најубавите три години. Во текот на целокупниот мој престој во Металург, постојано ја чувствувам подршката на спонзорот на екипата, на раководството, на тренерот и на сите луѓе кои се ангажирани во клубот. Со посебен елан се подготвувам за сите тешки средби што не очекуваат до крајот на сезоната, почнувајќи од саботниот натпревар против екипата на Динамо Минск, па се до крајниот натпревар во кој ќе треба да се избориме за четврта по ред титула во првенството на Македонија“, изјавил Ракчевиќ.Црногорскиот репрезентативец е вторито ракометар кој оваа недела го продолжи договорот со Металург, претходно истото го стори Ренато Вугринец.
МакфаксЦрногорскиот репрезентативец Младен Ракчевиќ го продолжи договорт со Металург, бјави клубот на својата интернет

Пронајдете не на следниве мрежи: