недела, 15 ноември 2026
Најново

Расправа за намалување на платите на функционерите денес во Собранието!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието денеска треба да ја одржи својата 89-та седница, на чиј дневен ред се повеќе кадровски и законски предлози.

Пратениците ќе разгледуваат предлог за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, како и предлог-одлуки за распишување јавен оглас за избор на претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Предвидено е и објавување оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и огласи за избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во рамки на седницата ќе се расправа и за повеќе законски измени по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните, за пратениците, како и за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.

Дополнително, на дневен ред се и предлог-измени на законите што се однесуваат на платите на јавните обвинители, судиите, членовите на Советот на јавните обвинители и на Судскиот совет, исто така по скратена постапка.

Поврзани вести