Расте бројот на загинати од ужасната сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

Во недостаток на официјални информации според шпекулациите, за жал, веќе има 10 жртви во автобусот кој се преврте на покрив кај селото Ласкарци.
Од МВР нема никаква информација, а портпаролот и Јавен обвинител се излезени на лице место и се врши увид. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени, за кои се вели дека се на помлада возраст и со полесни повреди.
Директорот на Ургентен центар, д-р Илир Хасани даде информација дека до некаде пред 19:00 часот се примени петмина повредени од кои еден полесно. Дали е тоа трудницата која исто така е згрижена во Ургентен не информираше. Останатите четири настрадани патници, како што изјави тој, се во животозагрозувачка состојба и се потребни итни интервенции. Сите операциони сали се ослободени и подготвени за интервенирање, а екипирани се, како што кажа тој, бројни тимови на лекари и останат медицински персонал од сите Клиники во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, односно цел Клинички е на нозе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.