петок, 27 ноември 2026
Најново

Растојанието од два метри не е доволно кога се трча или вози велосипед…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истражувањето на научниците од Универзитетот Леувен од Белгија, холандскиот Технолошки универзитет и експерти од Ајндховен покажуваат дека за време на трчање или возење велосипед, не е доволно растојанието од два метри меѓу две лица.
Како еден од најзначајните фактори во борбата против ширењето на коронавирусот се споменува социјалното дистанцирање, односно одржувањето на растојание од еден до два метри меѓу луѓето.
Сепак, тоа растојание не е доволно при трчање или возење велосипед. Имено, за време на трчањето, лицето кое дише (кашла или кива) исфрла повеќе капки во воздухот кои остануваат зад него, па лицето кое може да „налета“ на нив може да се зарази. Истото е и кога се движите веднаш зад некој човек на улица, па затоа според научниците најдобро е да се движите дијагонално.


Кога луѓето говорат, дишат, кашлаат или киваат, во воздухот се исфрлаат мали капки. И додека најголемите капки паѓаат на тлото, помалите капки можат да се задржат во воздухот подолго, па најважно е другото лице да не влезе во тој „облак“ на капки, ги пренесува “Brussels Times” резултатите на студијата.
Симулацијата која ја направија научниците покажува дека е многу побезбедно да се трча или вози велосипед покрај некое лице или да се трча или вози во некаква формација, на пример дијагонално зад некој, за да не се влезе во тој „облак“ на капки од лицето пред двас.
Треба да се напомене дека при ова истражување не се земени во предвид временските услови, како на пример ветрот кој исто така може значително да влијае на ширењето на капките во воздухот.

Поврзани вести