Расцветан кромид

1 голема главица кромид
2 јајца
1 лажица сенф
30 г рендан Пармезан
1 црвена пиперка
1 лажица путер
2 лажици лебни трошки
1 лажица оригано
сол и мелен црн пипер
1. Кромидот се расекува со нож, но не целосно и се прават осум засеци така што се дели на 16-тинки.
2. Нежно се отвора и се премачкува со изматените јајца со сенф.
3. Се прави мешавина од лебни трошки, пармезан и оригано, па се наросува врз кромидот. Може ќе треба со рака да ја притиснете мешавината за добро да се залепи.
4. Пиперката се сече на тенки резанки и се става во засеците.
5. Садот за печење се премачкува со путер, а кромидот треба да се пече покриен со капак или фолиjа околу 15 минути на 200 степени. Потоа се вади фолијата и се пече уште 40 минути или додека порумени.
Напомена: Колку вакви главици кромид ќе подготвите зависи од вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.