Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да каже колкава штета им прави секој ден со блокадите на Скопје

Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да каже колкава штета им прави секој ден со блокадите на Скопје кои се во негова режија и реализирани од негови соработници.

Колкава е штетата на илјадници граѓани кои наместо со автобус мора да плаќаат такси до своите работни места? Колкава е штетата што граѓани не можат на време да стигнат на прегледи и операции? Колкава е штетата по стопанството затоа што не можат навреме да испорачаат стоки и услуги?

Мицкоски прво нека даде одговор на овие прашања а потоа да се повлече од блокадите со кои се изживува врз граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.