Рекордно голема баница со рози од 1 километар и 400 килограми приготвена во Бугарија!

Кулинарски рекорд со најдолгата извиткана баница со рози во Бугарија на 13-то издание на фестивалот „Леб на бугарите“, кој е дел од фестивалот на розите во Казанлак.

Баницата е долга речиси 1 километар и тежи околу 400 килограми. Во нејзината подготовка учествуваа 19 локални општински центри, домот за социјална патронажа и детската млечна кујна.

Покрај филот од турски локум, меѓу корите има ливчиња од роза со масло, а во сирупот со кој се ароматизира тестото се става розова вода. Настанот е дел од едномесечната програма на Фестивалот на розите во градот, кој започна во Археолошкиот комплекс „Долина на тракиските кралеви“.

Пронајдете не на следниве мрежи: