Рецепт за вкусни домашни наполитанки

Потребни состојки:
4 листа обланди
За фил:
250 г путер
200 г шеќер
12 лажици вода
250 г мелени ореви
250 г мелени интегрални бисквити
100 г чоколадо за готвење


Начин на подготовка:
Во тенџере ставете путер, шеќер и вода, па мешајте на умерена температура додека да се соединат состојките. Додајте ореви, чоколадо и бисквити во смесата и мешајте додека да добиете крем.
Оставете да се излади, па поделете го кремот на 3 еднакви дела. Намачкајте на горната страна од обландата и повторете ја постапката додека да го потрошите филот и обландите. На крај обложете ја обландата со хартија и одозгора ставете тавче за да се стегнат.
Откако ќе се стегне колачот премачкајте го со чоколадна глазура. Во кремот може да ставите и сок од портокал и неколку капки рум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.