Рецепт за домашен сладолед без грам шеќер – 3 вкусови од 4 состојки

За подготовка на овој домашен сладолед нема да ви треба ниту шеќер, ниту млеко, ниту некакви ароми и додатоци за да добиете феноментален вкус.
Ако внимавате на исхраната, сакате да ослабете или едноставно сакате поздрава алтернатива за дечињата, ова е рецептот кој треба да го научите напамет.
Потребни состојки:
3 смрзнати банани
1 мала шолја смрзнати малини
1 мала шолја смрзнати капини
2 лажици какао
*Од овие состојки може да направите 3 различни вкусови.
Подготовка:
За првата порција, исечкајте 1 банана во блендер и ставете заедно со шолјата малини да се измиксира неколку секунди, додека да добиете кремаста смеса.
Вториот вкус може да го искомбинирате од 1 банана и капините. Постапката е иста.
За третиот вкус во бананата додадете само какао и евентуално на крај може да декорирате со црно чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.