Рецепт за кафе со сладолед и минерална вода

Овој пијалак не само што изгледа привлечно, туку има исто толку добар вкус. Ако сте меѓу оние кои денот не го поминуваат без кафе, сладолед и минерална вода, тогаш можете да го пробате овој рецепт и за уживате во продолжениот викенд!
Рецепт за кафе со сладолед и минерална вода
Потребни состојки:
2 лажички шеќер
1 литар инстант кафе
1 топка сладолед од ванила
250 г слатка павлака
250 милилитри минерална вода


Начин на подготовка:
Измешајте ги шеќерот и кафето во еден голем сад.
Матете ја слатката павлака додека не добиете шлаг.
Полека додавајте шлаг во кафето додека не добиете мазна текстура.
Наполнете високи чаши до половина, додадете ја минералната вода, а потоа и малку сладолед.
Можете да го украсите со прелив од чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.