Рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути

Гладни сте, но немате време да готвите? Нема проблем! Имаме нешто вкусно и брзо за вас!
Рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути
Потребни состојки:
400 г њоки
250 г крем за готвење
100 мл бело суво вино
50 г рендан пармезан
3-4 суви домати
2-3 чешниња лук
1 лажица путер
1 лажица сенф
грст свеж босилек
сол и бибер по желба


Начин на подготовка:
Загрејте го путерот и заедно со исечканиот лук мешајте околу половина минута.
Додадете го сенфот и ситно исечкани сушени домати и додадете вино. Гответе околу две минути.
Потоа додадете ги њоките и кремот за готвење, добро промешајте и варете околу 5 минути.
Додадете го пармезанот и босилекот и оставете додека њоките не се готови и не добиете кремаста смеса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.