Рецепт за лазањи со тиквички и сирење

Не пропуштајте го нашиот брз и едноставен рецепт за лазањи од тиквички и сирење кој ќе му се допадне на целото семејство!
Брзо и вкусно: Рецепт за лазањи со тиквички и сирење

Потребни состојки:
4 тиквички
маслиново масло
сол
медитерански зачини
40 грама пармезан
60 грама моцарела
230 грама рикота
црн бибер
3 чешниња лук
копар
магдонос
сончогледово масло
маринара сос

Рецепт за лазањи со тиквички и сирење

Начин на подготовка: Исечете ги тиквичките на кришки и ставете ги во сад за печење претходно намачкан со масло. Посолете, додајте медитерански зачини и маслиново масло. Печете ги околу 20 минути на температура од 200 степени целзиусови. Кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат.

Во меѓувреме во сад измешајте 40 грама пармезан, 60 грама моцарела, 230 грама рикота, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло, 3 чешниња лук, магдонос и копар.

Премачкајте го садот за печење со сончогледово масло и додадете сос од домати. Наредете еден ред тиквички и прелијте ги со смесата со сирење. Додадете сос од домати.

Повторете ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки. На крајот додадете рендана моцарела и печете околу 25 минути на температура од 200 степени целзиусови. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.