Рецепт за меки крофни кои не впиваат масло за јадење: Слатко задоволство во кое ќе ужива цело семејство

Направете го овој десерт кој што ќе го обожуваат сите и кој што навистина е превкусен.
Доколку сакате да го израдувате вашето семејство со нешто благо, тогаш крофните се вистинскиот избор за вас.
Ова е едноставниот рецепт:
Состојки:
– 650 грама брашно;
– 30 грама квасец;
– 1 лажичка шеќер;
– 200 милилитри млеко;
– 3 жолчки од јајце;
– 100 милилитри масло за јадење;
– кора од лимон.


Подготовка:
Квасецот потопете го во млекото, додадете шеќер и малку од брашното. Во подлабок сад или миксер ставете го брашното, додадете го квасецот кој нараснал, жолчките, млекото, маслото за јадење, солта и кората од лимон, па добро сè измешајте.
Оставете ја смесата околу половина час за тестото да нарасне. Исечете ги со чаша, оставете ги уште 15 минути, а потоа пржете ги во масло за јадење.
Откако ќе ги ставите крофните, поклопете го тенџерето или тавата со капак, оставете малку да зарумени, па свртете ги од другата страна.
Кога крофните ќе се испржат, ставете ги на кујнска хартија да се исцедат. Посипете ги со шеќер во прав и послужете.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.