Рецепт за највкусната француска салата

Француската салата е неизбежен дел од празничната трпеза и традиционално се подготвува низ целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја.
Иако гоолем дел од состојките се прилагодени на желбите на семејството, оригиналниот рецепт е уникатен и добро познат на сите.
Го споделуваме со вас овој рецепт за највкусната француска салата што ќе ги воодушеви сите на трпезата.
Состојките се добро познати, но при подготовката треба да се обрне внимание на неколку трикови кои ќе помогнат салатата да не биде тешка и ќе ѝ дадат побогат вкус.
Состојки:
450 гр замрзната мешавина од грашок и моркови
300 гр компири
200 гр кисели краставички
сол
360 гр мајонез
¼ јаболко „грени смит“
2 лажици павлака
1 лажичка сенф
црн бибер
сол
Подготовка:
1. Ставете ја замрзнатата мешавина од зеленчук во зовриена солена вода и варете околу 10-15 минути додека не се сварат грашокот и морковот. Во исто време во друг сад со солена ладна вода ставете компири со лушпа да се варат додека не омекнат доволно. Важно е компирот да се вари цел во лушпата за да не се распадне.
2. Исцедете го и изладете го грашокот и морковот, а откако ќе се оладат компирите излупете ги и исечкајте го на еднакви парчиња. Потоа исечкајте го киселото јаболко за да ѝ дадете свежина на салатата и додадете го во садот со сечкан зеленчук.
3. Измешајте го мајонезот со сенфот, павлаката, сол и бибер и додадете ја оваа мешавина на зеленчукот.
4. Додадете и ситно сечканите кисели краставички измешајте сè заедно. Изладете ја салатата и послужете ја декорирана со магдонос.
Бонус совет: Сечете го зеленчукот на парчиња со големина на замрзнатиот зеленчук што е веќе исечкан, за да добиете рамномерна смеса и еднакви залаци од салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.