Рецепт за најдобрата баклава со вишни – вкусно слатко задоволство на поинаков начин

Комбинација на совршени состојки во само еден колач.
Состојки:
– 6 кори
– 500 гр. вишни
– 400 мл. вода
– 400 гр. шеќер
– 2-3 ролни портокал
– ванилен шеќер
– 2 јајца
– 2 лажици шеќер
– 100 мл. масло
– 70 гр. гриз
– 150 мл. јогурт
– 10 гр. прашак за пециво


Подготовка:
Измешајте вода, ванилен шеќер, шеќер и неколкуте ролни портокал. Гответе 15-20 минути, а потоа оставете да се излади. Измешајте ги јајцата, шеќерот, гризот, маслото, јогуртот и прашакот за пециво. Земете една кора и намачкајте го филот, ставете ја втората кора и повторете го процесот, ставете ја третата кора и на неа истурете ги вишните, смотајте ја и ставете во подмачкана тава, премачкана со крем. Печете на 190 степени околу 40 минути или додека не добие боја. На крајот прелијте го изладениот шербет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.