Рецепт за неодолива пита со грозје

Искористете ја сезоната на грозјето и направете ја оваа вкусна пита.
Рецепт за неодолива пита со грозје
Потребни состојки:
500 грама тенки кори за пита
500 грама црно грозје без семки
100 грама презла
100 грама мелени ореви
1 лажичка цимет
150 грама шеќер
150 милилитри масло
шеќер во прав за посипување


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 °С. Земете 4 кори, попрскајте ги со малку масло и наредете ги една врз друга. Измешајте го грозјето со оревите, презлата, циметот и шеќерот. Ставете од смесата на едниот крај од корите, па завиткајте ги во ролат. Повторете ја постапката сè додека не се потроши целиот материјал. Ставете ги ролатите во плех подмачкан со масло. Потоа, пред печење, премачкајте ги ролатите со малку масло и вода и ставете ги во загреаната рерна. Печете околу 40 минути, додека да заруменат. По печењето, попрскајте ја питата со малку вода, покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади. Пред сервирање, исечете ја на парчиња и посипете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.