Рецепт за печен компир полнет со сирење – јадење кое сите ќе го обожувате

Количината е доволна за четири порции, може да ги јадете самостојно или пак како прилог во некое јадење.
Состојки:
– 8 поголеми компири;
– 30 до 60 грама путер;
– 80 милилитри слатка павлака;
– 1 млад кромид, ситно исечкан;
– свежо исецкано мускатно оревче;
– 50 грама изрендан чедар;
– сол и мелен бибер.


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Компирите ставете ги на решетка во средина на рерната и печете ги околу 30 минути. Прободете го секој од компирите со виљушка, па печете уште 30 минути.
Извадете ги компирите од рерната и намалете ја температурата на 190 степени Целзиусови. Пресечете го компирот по средината на пола, за да направите форма на бротче.
Извадете малку од компирот кој го исековте по средината, па истиот помешајте го со путерот и слатката павлака. Помешајте го и младиот кромид, мускатното оревче и зачините.
Наполнете ги компирите со смесата, па одгоре ставете им го чедарот. Премачкајте ги со останатиот дел од путерот, зачинете, па ставете ги повторно да се печат околу 20 минути.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.