Рецепт за празнични колачиња за оние кои не сакаат да ги комплицираат работите во кујната

Nutellotte се празнични италијански колачиња кои се полнат со Нутела, а во последно време ги полнат и со џем. Која варијанта и да ја изберете, ќе ви требаат само неколку состојки, а колачињата можат да бидат подготвени за половина час.
Овие колачиња се еден од најгугланите рецепти оваа година во Италија, а во Македонија најверојатно би било рецепти за вкусен леб!
Рецепт за празнични колачиња за оние кои не сакаат да ги комплицираат работите во кујнатаПотребни состојки:
180 г шеќер
1 ванилин шеќер
150 г путер
100 г црно чоколадо
150 г мелени ореви
250 г мелени бисквити
малку хопла

За украсување:
мелени ореви
намаз од лешник и/или чоколадо
Начин на подготовка:
Шеќерот, путерот и чоколадото загрејте ги на пареа, а потоа измешајте ги со бисквитите и оревите. Ако смесата е премногу густа, додадете неколку лажици хопла.
Оставете ја смесата во фрижидер околу два часа и кога ќе се олади добро, формирајте топчиња. Валкајте ги во мелени ореви, а потоа притиснете ја средината и наполнете со намазот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.