четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за сочна пица кој би го налутил секој вистински Италијанец

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обожувате италијанска кујна? Тогаш пица со киви е нешто што мора да го пробате!
Постојат илјадници видови пици и секој од нив е исклучително јадење кое сите сакаат да го пробаат.
Сепак, доколку ви здодеат најпопуларните вкусови – капричиоза, наполитана или вегетаријанска, можеби е вистинско време да пробате нешто ново. Предлог на една данска пицерија е пица со киви.
Таа се подготвува на вообичаен начин – тесто со прелив од кечап или доматен сос, кашкавал и месо по избор, со тоа што наместо феферони на површината се ставаат киви исечени на кругови.


И додека некои се посомневале во вкусот на оваа пица, пред сè станува збор за слатко-солена комбинација, некои се воодушевени од идејата и со задоволство би го пробале овој рецепт.
„Ако јадам пица во комбинација со ананас, зошто не би пробал со киви?“, напишал еден корисник на Редит.
Инаку, ова не е единствен рецепт за овошна пица. Веќе со години наназад во светот е многу популарна хавајската пица. Пицата со ананас веројатно не е за секого, но љубителите на таа обична комбинација тврдат дека станува збор за многу освежително јадење, кое посебно се препорачува во летните месеци.

Поврзани вести