Рецепт за чизкејк со џин-тоник создаден за забава

Состојки:
200 грама мелена плазма
100 грама путер
500 грама маскарпоне
25 грама шеќер во прав
50 мл. џин
1 лажиче исцеден сок од лимон или лимета
кора од лимон или лимета
100 грама бело чоколадо
300 мл. блага павлака (шлаг)


Подготовка:
1. Измешајте ја плазмата со растопениот путер. Оваа смеса натапкајте ја во калап за торта и ставете ја во фрижидер да се стегне.
2. Измештајте го маскарпонето, шеќерот, џинот, исцедениот сок и кората од лимон или лимета.
3. На пареа стопете го белото чоколадо и потоа оставете го две минути да се олади пред да го додадете во сметата со маскарпоне.
4. Во посебен сад изматете шлаг и потоа додадете го во сместата од сирење и чоколадо.
5. Оваа смеса прелијте ја преку тестото од плазма и путер и вратете ја тортата во фрижидер најмалку шест часа, а идеално би било да остане преку цела ноќ.
6. Послужете со омилениот коктел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.