Ниските температури ги тера возачите преку ТикТок да го пронајдат најдобриот начин за одмрзнување на шофершајбната. Едно видео стана вирално, а трикот многумина не го знаеја.
-Го правам ова видео секоја година. Кога ви е замрзната шофершајбната, погрижете се да ги спуштите штитниците за сонце за да го запрете протокот на воздух и на тој начин ќе го стопите мразот побрзо, објаснила корисничката на оваа социјална мрежа која го снимила видеото.
Видеото собра 3,9 милиони прегледи, а тиктокерите беа прилично ентузијасти и многумина признаа дека ова не им текнало досега и дека го пробаат трикот.