‘Ржан леб со карамелизиран кромид: Љубов на прв залак

Состојки:
150мл масло
1 кромид
1 лажица шеќер
1 чешне лук
300 гр пченично брашно
150 гр ‘ржано брашно
1 лажица сол
1 вреќа квасец
250мл млака вода
семе по вкус
Додадете кромид и шеќер во маслото и карамелизирајте. Комбинирајте брашно и додадете сол и квасец. Месете го тестото со постепено додавање на млака вода. Потоа истегнете го и додадете карамелизиран кромид и босилек (по избор), промешајте и оставете да нарасне. Потоа посипете со семе по вкус и печете на 200 степени 3035 минути. Добар апетит

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.