Рибја чорба

Во продолжение, ви нудиме еден навистина инетересен вкусен и исклучително хранлив рецепт, многу често приготвуван од грчките рибари, особено во пролетниот и летен период – Какавиа чорба.
Вкусовите на какавиа чорбата ќе ви го донесат мирисот на морето директно во вашата кујна!
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
2 главици свеж, црвен кромид, исечкан на покрупно
4 страка свеж целер, исечкан на покрупно
5 чешниња лук, исечкани
Половина килограм компири, исечкани на коцкички (3-4cm)
3 домати со средна големина, исечкани на коцки, во истата големина како компирите
3-4 свежи или сушени ловорови ливчиња
1 литар растителен бујон
Околу 700g рибји филети (морска риба по избор, со ниска содржина на масти. Ние ќе користиме ципура), добро исчистени и од помалите коскички
Сок од половина лимон
Половина чашка сечкан свеж магдонос
3-4 лажички ладно цедено маслиново масло
⅓ лажичка кумин
⅓ лажичка копар
⅓ лажичка сув босилок
Малку свежо или суво оригано, по желба
Сол и бибер
Потпечени лепчиња, уште малку маслиново масло и шопска салата за послужување
Начин на подготовка:
Ставете едно поголемо и подлабоко тенџере да се загрева на рингла, на средно-висока температура. Додајте го маслиновото масло и кога ќе се загрее, најпрво ставете ги сечканиот кромид и целерот, а по 5 минути и покрупно сечканиот лук. Посолете и додадете малку бибер.
Гответе додека зеленчуците соодветно не заруменат и омекнат. Овие зеленчуци треба да ја дадат базата на чорбата, како и нејзината слаткост и свежина.


Додајте ги доматите, компирите и ловоровиот лист и на крајот сипете го расителниот бујон (оргиналиот рецепт користи морска вода!). Зачинете со сол, бибер и со остатанатите зачини (кумин, копар и босилок), па појачајте ја температурата до вриење. Намалете ја топлината и гответе на ,,потивко” уште 15-тина минути.
Сега е моментот за додавање на покрупно исечканите филети риба! Повторно доведете ја смесата до вриење, а потоа намалете ја температурата и гответе на ,,потивко” дополнителни 10-тина минути. Внимвајте да не ја преварите смесата! Чорбата е при крај кога компирите веќе се омекнати, а рибата е очигледно сварена.
Додајте го сокот од лимонот, свежите тревки (магдонос и ако имате малку свеж коријандер/босилок) и малку ладно цедено маслиново масло.
Исписирајте дел од сварените компири во чорбата, а пред тоа пробајте ја за да утврдите дали имате добар баланс на киселкавост, слаткост, зачинетост и свежина. Додајте што е потребно за да го одржите тој баланс.
Послужете со потпечени, интегрални лепчиња.Oвој рецепт прави 4 порции.
Нутритивна вредност:
(на една порција, без леб)
Калории: 450kcal Јаглехидрати: 40g од кои растителни влакна: 7g и шеќери: 10g; Протеини: 44g; Масти: 10g од кои заситени масти: 1g; Витамин Б1: 0,2mg; Витамин Б2: 0,1mg; Витамин Б5: 0,7 mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б9: 70µg; Витамин A: 2000IU; Витамин Ц: 50mg (пред варењето); Витамин K: 300µg; Витамин Е: 0,4mg; Витамин Д: 50IU Бакар: 0.3mg; Фосфор: 100mg; Селен: 2µg; Железо: 4mg; Магнезиум: 80mg; Манган: 0,5mg; Цинк: 1mg; Калиум: 1200mg; Калциум: 200mg

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.