четврток, 12 ноември 2026
Најново

Родителите на загинатите во Пулс: Комеморација со две страни читање е голем удар за нас

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родителите на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани разочарани излегоа од Собранието каде се одржа комеморативна седница по повод една година од трагедијата во која загинаа 63 лица.
Габриела Наунова, мајка на загинато девојче во изјава за медиумите рече дека паднале во вода нивните очекувања и надежи.
– Комеморација за нашите деца – 63 жртви за една држава, со две страници читање, е голем удар за нас родителите. Ове ане го очекувавме, ова е уште една голема рана за нас, рече Наунова.
Таткото на починатата Надица изјави дека очекувал барем за секое дете да биле посветени по две минути и жртвите да бидат помнати со име и презиме.
Една година чекавме државата да се одважи и да организира комеморација. Тоа требаше да се случи многу порано. Овој чин е многу задоцнет, но важен бидејќи покажува дека трагедијата во „Пулс“ не е само семејна болка туку и институционална одговорност. Затоа очекуваме институциите што поскоро да ја преземат својата одговорност и конечно да има вистинска правда, како што кажа и претседателот на Собранието, Гаши, рече Наунов.
Комеморацијата, рече Наунов, била последна надеж за нив и ја изгубиле и неа.

Поврзани вести