Родман набркан од хотел поради пофалби за челникот на Северна Кореја

Познатиот контроверзен американски кошаркар Денис Родман бил избркан од еден хотел во Њујорк откако тој вечерта им досадувал на гостите фалејќи го севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун, пишува во вторникот весникот The New York Post.

 Носителот на пет шампионски прстени од најсилната кошаркарска лига во светот, американската NBA, поранешен играч на Детроит Пистонс и Чикаго Булс, Денис Родман минатата седмица престојуваше за потребите на снимањето на телевизиско шоу, кое ќе биде емитувано во април на телевизискиот канал HBO.
Американските власти постојано повторуваат дека посетата на Родман на Северна Кореја има лична природа. Но неговото патување во изолираната сиромашна комунистичка земја предизвика силно внимание, кај медиумите, но очигледно оставил и силен впечаток кај самиот кошаркар, што тој во неделата навечер, тој одлучи да ги сподели своите впечатоци со гостите во барот во хотелот „Tme Hotel”, каде што тој го очекувал својот утрински лет од аеродромот во Њујорк.
„Тој мина три часа во барот и зборуваше колку добро момче е Ким, дека Ким само сака да зборува со претседателот (на САД, Барак) Обама за кошарката. Се размавтуваше со лист со манифест потпишан од страна на диктаторот, тврдејќи дека треба сите да го прочитаат”, изјавил неименуваниот соговорник на весникот.
Притоа Родман не дозволувал никому да дојде до збор и не сакал да слуша од гостите дека Северна Кореја е тоталитарна држава. Поради тоа, хотелскиот персонал бил принуден да му ја покаже вратата на кошаркарската ѕвезда, за која инаку не е невообичаено да влегува во конфликт со администрацијата и гостите во неговиот омилен „Times Hotel”.
Според весникот, Родман се преселил во хотелот „Marriot”, во друг дел на градот. Претставникот за медиумите на кошаркарот, пак, објаснил дека инцидентот се случил откако во „Times Hotel” на поранешниот спортист му досадувале фановите, како и дека хотелот „Marriot” се наоѓа во близина на аеродромот.
Макфакс
Познатиот контроверзен американски кошаркар Денис Родман бил избркан од еден хотел во Њујорк откако тој вечерта им дос

Пронајдете не на следниве мрежи: