Родман снима спот во Северна Кореја

Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман, во вторникот, пристигнал во Северна Кореја, каде за потребите на медиумската компанија „VICE“ ќе снима спот.Покрај Родман, во Северна Кореја, пристигнале и тројца членови на Харлем Глобтротерс. Како што е соопштено екцентричниот Родман, кој со имиџот на ’лошо момче“ се прослави во НБА лигата, ќе одигра и натпревар со локалните играчи.Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на НБА лигата и сопственик на пет шампионски прстени, на овој начин ќе се обиде да влијае врз намалувањето на политичките тензии кои владеат помеѓу Северна Кореја и САД, оценија претставниците на медиумската компанија, од каде изразија надеж дека американските спортисти ќе бидат дел од своевидна ’кошаркарска дипломатија’.Родман истакнал дека се надева оти на натпреварот против севернокорејските кошаркари ќе присуствува и лидерот на оваа држава Ким Јонг Ун.„Дали е испраќањето на Родман и играчите на Глобтротерс во Северна Кореја чудно? Сигурно дека е така, но барањето на заеднички јазик на кошаркарскиот терен и прекрасна работа“, истакнал основачот на „VICE“, Шејн Смит.Тој истакнал дека ваквите ’канали’ на културна комуникација се нетрадиционални, но се важни бидејќи отворени ги држат врските помеѓу народите.
МакфаксПоранешниот НБА кошаркар, Денис Родман, во вторникот, пристигнал во Северна Кореја, каде за потребите на медиумската к

Пронајдете не на следниве мрежи: