Ролат од мелено месо

1 кг мелено месо
500 г листови спанаќ
500 г свежи шампињони
200 г лебни трошки
5 лажици брашно
250 г кашкавал
2 моркова
1 главица кромид
100 г сусам
200 г ленти сланина
1 јајце
2 лажици сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Од меленото месо, ренданите моркови и кромидот, запечениот сусам, брашното, јајцето, лебните трошки, зачини и масло со рака замесете смеса.
Расплескајте правоаголна форма на намрсена алуминиумска фолија. Наредете ги обарените листови спанаќ, нанесете ги испржените и зачинети парчиња печурки и изрендајте го кашкавалот. Свиткајте ролат и завиткајте го во фолијата.
Ставете го во тава и додадете 250 мл вода. Печете 90 минути на 180 степени. Одвиткајте ја фолијата и на ролатот наредете ги лентите сланина. Печете уште 30 минути или додека порумени сланината.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.