Ролат со два вкуса

500 г толчени бисквити
500 г мелени ореви
500 г шеќер
400 мл вода
400 г чоколадо
500 г маргарин
500 г шеќер во прав
500 г печени лупени мелени кикиритки
Од водата и шеќерот сварете шербет. Додадете го чоколадото искршено на парчиња и откако ќе се растопи тргнете од оган. Потоа додадете ги бисквитите и оревите и мешајте додека се соедини смесата.
Со миксер изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Додадете ги кикиритките и измешајте го филот со лажица.
На најлонска фолија со раце раплескајте2 правоаголни форми од смесата со бисквити и ореви. Премачкајте ги со филот и со фолијата свиткајте ролати. Изладете и исечете на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.