2 модри патлиџани
200 г кругови шунка
200 мл кисела павлака
3 јајца
150 г брашно
150 г лебни трошки
150 г кашкавал
масло
сол
Излупете ги модрите патлиџани, исечете ги на тенки ленти по должина и посолете. Оставете да отстојат 15-тина минути за да ја испуштат течноста. Секоја лента премачкајте ја со павлака, ставете круг шунка, свиткајте ролати и зацврстете ги со чепкалки.
Ролатите свалкајте ги во брашно, изматени јаца и лебни трошки, и наредете ги во намрсена тава. Отстранете ги чепкалките и изрендајте го кашкавалот. Печете околу 40 минути на 200 степени или додека порумени кашкавалот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.