четврток, 12 ноември 2026
Најново

Романо Проди доаѓа по наградата за хуманизам за 2019 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот премиер на Италија и претседател на Европската комисија, Романо Проди денес и утре ќе престојува во Македонија. Повод е врачувањето на Светската награда за хуманизам за 2019. година, која му ја додели Охридската академија на хуманизмот. Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.
Според агендата денес во Скопје Проди ќе има средба со претседателотна Собранието на Република Македонија Талат Џафери, а утре во Охрид свечено ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам во Куќата на Уранија на МАНУ.

 

Поврзани вести