Романтичен, женствен и ѝ ласка на секоја фигура: Џеј Ло прошетала во најпосакуваниот модел на фустан за ова лето

Додека шетала низ улиците на Хемптонс со нејзината сестра Линда, Џенифер Лопез го привлекла вниманието со изборот на стајлинг за оваа прилика.


Поп пејачката на себе го носела најпосакуваниот модел на фустан за ова лето. Бохо стилот и оваа сезона е исклучително популарен, а ваквиот фустан е „must have“ парче, велат модните експерти.
Долгите лелеави модели ѝ ласкаат на секоја фигура и се како создадени за долги прошетки, а во комбинација со интересен шешир изгледаат уште поубаво.


Лопез ја надополнила целата комбинација со бела чанта, дискретен накит и рамни сандали кои, исто како и фустанот, се вистински хит оваа сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.