Ројтерс: Виткоф од Белград и Скопје утре ќе се придружи на разговорите со Зеленски во Турција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес по средбата со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека Белград и Берлин се поврзани и дека Србија е дел од европското семејство.

„Германија и Србија долго време се тесно поврзани, и економски и преку бројни лични контакти. Многу германски компании успешно работат во Србија, Германија е најважниот трговски партнер на Србија. Голем број луѓе од српско потекло го пронајдоа својот дом во Германија. Овие врски се од непроценлива вредност. Србија е дел од нашето европско семејство и треба да има можност да учествува во заедницата на вредности на ЕУ“, рече Вадефул.
Вадефул се заблагодари за гостопримството и оцени дека имале интересни и конструктивни дискусии.
Вадефул претходно ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.
Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.
По краткиот престој вo Maкедонија и средбата со премиерот Христијан Мицковски и министерот Тимчо Муцунски, тој го продолжува своето патување за Турција
Ројтерс објавува дека  специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, веќе утре ќе ја посети Турција и ќе се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција во среда откако денес ќе ја посети Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпанските и турските претставници, Зеленски во објава на Фејсбук рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно поскоро.
Зеленски рече дека Украина, исто така, работи на продолжување на размената на воени заробеници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници била подготвувана долго време и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски во понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „Рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи: