Рубио: Куба е во голема неволја

Кубанската влада е огромен проблем и мислам дека се во голема неволја, одговори американскиот државен секретар Марко Рубио за Ен Би Си, прашан дали по Венецуела, Куба е следната цел на САД.

– Нема да разговарам за тоа какви ќе бидат нашите идни чекори и каква ќе биде нашата политика во тој поглед. Но, мислам дека не е тајна оти не сме големи обожаватели на кубанскиот режим, забележа Рубио, кој има кубанско потекло. Неговите родители емигрирале во Соединетите Држави во 1956 година за време на режимот на Фулгенсио Батиста, две и пол години пред Фидел Кастро да дојде на власт по Кубанската револуција.

Куба, еден од најблиските сојузници на Венецуела, го осуди нападот на САД како „чин на државен тероризам“. Земјата, која во голема мера се потпира на венецуелската нафта, е во длабока економска криза

Пронајдете не на следниве мрежи: