Во петокот, женските активистки за климата истурија лименки со супа врз сликата „Сончогледи“ на познатиот сликар Винсент ван Гог во лондонската Национална галерија, објави групата „Стоп Оил“.
Сликата или животите? Што е повредно?
„Стоп на нафтата“ наведува дека сликата која е од 1888 година е вредна 86 милиони евра. „Што вреди повеќе, уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Повеќе од правдата? Дали сте повеќе загрижени за заштита на ликот или за заштита на нашата планета и луѓето? Кризата за трошоците на животот е дел од цената на нафтената криза

Групата, која протестира веќе две недели во британската престолнина, прикажа видео на кое се гледа како две жени фрлаат две конзерви супа од домати над сликата, една од петте верзии изложени во музеите ширум светот, објави Ројтерс.
„Полицијата брзо пристигна на местото на настанот во Националната галерија, веднаш откако двајца активисти на „Стоп оил“ фрлија течност врз сликата и потоа се залепија на ѕидот“, соопшти полицијата на Твитер.
Двајцата активисти се уапсени поради нанесување материјална штета и нарушување на редот, се додава. Галеријата не го коментираше инцидентот.
„Стоп на нафтата“ наведува дека сликата која е од 1888 година е вредна 86 милиони евра. „Што вреди повеќе, уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Повеќе од правдата? Дали сте повеќе загрижени за заштита на ликот или за заштита на нашата планета и луѓето? Кризата за трошоците на животот е дел од цената на нафтената криза. Горивото е недостапно за милиони ладни, гладни семејства. Тие не можат да си дозволат ниту да загреат конзерва супа“, рече еден од активистите.
Група активисти ги блокираа патиштата околу парламентот во последните неколку дена, а минатата недела полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле уапсени на протестите на еколошките здруженија.
Погледнете го моментот кога сликата е уништена:



