Русите бегаат во Финска од мобилизација. Финска штотуку ги затвори своите граници

ФИНСКА ќе ги затвори границите за руските туристи откако Русите, поттикнати од мобилизацијата за војната во Украина што ја најави завчера Владимир Путин, почнаа масовно да бегаат во таа нордиска земја.

Русите бегаат во Финска од мобилизација. Финска штотуку ги затвори своите граници

Финските министри вечерва најавија дека владата во следните неколку дена ќе забрани влез на руски туристи во земјата.

„Целта е значително да се намали бројот на Руси кои влегуваат во Финска“
„Нашата цел и желба е значително да го намалиме бројот на луѓе кои влегуваат во Финска од Русија“, рече претседателот Саули Ниинисто во интервју за државната телевизија.

Одлуката за забрана за влез на руски туристи доаѓа во време кога копнените граници на Финска се преплавени од бран Руси кои бегаат во страв дека ќе бидат мобилизирани за војната во Украина. „Гардијан“ потсетува дека во последните недели Финска беше под огромен притисок од соседите од ЕУ, откако одби да го забрани влезот на руски туристи, што веќе го направија Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.