“РУСИТЕ ГИ УБИВАВМЕ МНОГУ ЛЕСНО!“ – ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА УКРАИНСКА СНАЈПЕРИСТКА: ЕВЕ КОЈА Е ГЛАВНАТА СЛАБОСТ НА АРМИЈАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН!

Снајперистката од Украина, Олена Билозерска ги спореди искуствата од првите денови од борбата со руската армија и инсистираше на тоа дека Украина на крајот ќе победи во војната и покрај тактиката што ја користат руските вооружени сили.
„Во првите денови од војната беше како сафари, непријателските возила што се движеа во густи колони беа уништени од заседи на патиштата што минуваа низ шумите“, вели Билозерска за украинските медиуми и додава: „Преживеаниот персонал бегаше во шумите, каде што беа фатени од територијалната одбрана или едноставно од локалните ловци“.
Таа верува дека Украина на крајот ќе ја добие војната против Русија и истакна дека последните два месеци од почетокот на војната открија, според неа, дека е полесно да се поразат Русите отколку што се очекуваше. Руската армија веројатно изгуби една третина од копнените борбени сили кои првично ги посвети на борбите во Украина на почетокот на конфликтот во февруари, проценува Министерството за одбрана на Велика Британија во својот разузнавачки извештај од неделата.

Билозерска кажа дека се бори за одбрана на Украина од 2014 година кога Русија го нападна и го анектираше полуостровот Крим. Елитната снајперистка зборуваше и за силните и слабите страни на руската војска.
„Непријателот првенствено прибегнува кон тактиката на ‘притискање оган’, користејќи голем број артилериско оружје и голем број гранати. Задачата на непријателот е да ги урне нашите позиции, а потоа да се обиде да ги преземе. Ова не е ништо ново, тоа се класични тактики уште од Првата светска војна“, објасни таа за медиумите во Украина.
„Силите имаат механизми по секоја цена да влијаат на штабот да ги остварат своите цели“, кажала Билозерска и додала: „Војниците едноставно се третираат како топовско месо и се принудени да го прифатат тоа како нивна обврска. Слабоста е апсолутниот недостаток на иницијатива кај наредниците и помладите офицери. Како резултат на тоа, невозможно е да се донесат независни одлуки“.
Таа исто така кажала: „Никој не знае кога ќе заврши војната. Според мене ќе трае барем уште една година. И ќе заврши, се разбира, со наша победа, обновување на контролата врз украинските територии во меѓународно признатите граници, т.е. со Донбас и Крим“.

Министерството за одбрана на Велика Британија во неделата на социјалната мрежа Твитер објави дека – „руските вооружени сили се сè повеќе ограничени поради деградираните способности, континуираниот низок морал и намалената борбена ефикасност“.
И покрај загубите и неуспесите очигледни за воените аналитичари и меѓународните новинари на теренот, Русија продолжува да инсистира на постигнување на своите цели и нема да се откаже од својата цел да ја преземе контролата врз источноевропската земја.
„Ние кажуваме цврсто, јасно и недвосмислено сме убедени, барем руските дипломати кои работат овде, дека никогаш нема да има капитулација“, кажа Анатолиј Антонов, рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, во интервју за руски државен медиум.
„Убедени сме дека сите цели поставени од врховниот командант пред нашите вооружени сили ќе бидат целосно остварени. Никогаш нема да се откажеме, никогаш нема да отстапиме“, нагласи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.