четврток, 12 ноември 2026
Најново

РУСИТЕ УНИШТИЈА НОРВЕШКИ СИСТЕМ „НАСАМС“ ВО ДОЊЕЦК

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Доњецката Народна Република во текот на изминатиот ден за прв пат во текот на операција беа уништени норвешкиот систем за противвоздушна одбрана „Насамс“ и една платформа за лансирање „точка у“, соопшти руското Министерство за одбрана.

РУСИТЕ УНИШТИЈА НОРВЕШКИ СИСТЕМ „НАСАМС“ ВО ДОЊЕЦК

Во соопштението се додава дека во Доњецката област на ДНР се уништени украински складишта за гориво, хаубица „мста-Б“, како и радар AN/TPQ-37 од американско производство, како и две складишта за муниција.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Над 70 украински војници загинале во правец на Красно Лиман, а уништен е и украинскиот магацин за муниција.

Во правец на Запорожје, Украина загуби над 20 војници во претходните 24 часа.
Во правец на Купјанск во текот на претходниот ден беа ликвидирани речиси 40 непријателски војници, а во регионот Харков беше уништен магацин со артилериска муниција, рекоа од руското МО.

Борбени авиони на руските воздушни сили соборија украински МиГ-29 во областа Керсон. Исто така, беа соборени седум украински беспилотни летала.

Во областа Антоновка уништена е платформата за лансирање на системот за противвоздушна одбрана „хаимари“, а во Херсонската област уништени се три магацини со муниција на украинската армија и три самоодни артилериски хаубици „Гвоздика“.

Поврзани вести