РУСИТЕ ЈА БОМБАРДИРААТ УКРАИНА СО НЕВИДЛИВИ АВИОНИ! Искористени пет Су-57 за изведување ракетни напади!

Британското разузнавање објави сателитска снимка од аеродромот Ахтубинск во областа Астрахан во Русија.

Поблискиот поглед на една од сателитските снимки покажува најмалку пет стелт-ловци Су-57 Фелон.

Британското разузнавање ја датира фотографијата на 25 декември, што значи дека пет Су-57 биле на аеродромот тој ден.

Според анализата на британските разузнавачки служби, Русија користела пет Су-57 Фелон за да изврши ракетни напади врз цели во Украина.

Лондон тврди дека Русија го користи Су-57 за воздушни напади надвор од визуелниот опсег.

Пронајдете не на следниве мрежи: