РУСИЈА: Блокирана апликацијата „SoundCloud“

Русија го ограничи пристапот до услугата SoundCloud поради, како што вели, лажни информации за „специјална воена операција“, објави денеска новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на агенцијата за следење на комуникациите Роскомнадзор.

РУСИЈА: Блокирана апликацијата „SoundCloud“

„Роскомнадзор го ограничи пристапот до апликацијата SoundCloud за објавување материјали кои содржат лажни информации за природата на специјалната воена операција на територијата на Украина“, соопшти Роскомнадзор, пренесува Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: