Русија смета дека сирискиот конфликт ќе доведе до меѓусебно уништување

 Русија ги предупреди во средата и сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад и вооружената опозиција дека продолжувањето на воените судири може да доведе до „меѓусебно уништување“.„Ниедна страна во судирот не може да си дозволи потпирање на военото решение. Тоа е пат кој не води никаде, пат кон меѓусебното уништување“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Москва.„Време е да биде ставен крај на конфликтот кој трае две години. Гледаме позитивни знаци, тенденции кон дијалог од страна на владата и од опозицијата“, дополни шефот на руската дипломатија.Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов, во вторникот објави дека министерот за надворешни работи на Сирија, Валим Муалем ќе допатува во Москва на 25-ти февруари, за да се направи обид да се излезе од кризата, додавајќи дека датумот за одделните преговори со претставниците на сириската опозиција сé уште не е утврден.
Макфакс Русија ги предупреди во средата и сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад и вооружената опозиција д

Пронајдете не на следниве мрежи: