Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили во Донбас, регион во источна Украина, опколиле околу 2.000 украински војници.
Русите тврдат и дека нивните сили нападнале пет магацини со муниција во областа Луганск, а украинските сили претрпеле големи загуби.

Руски пратеник: Уништете ја американската амбасада
Откако Америка повторно и достави оружје на Украина, реагираше рускиот претставник во Думата Јуриј Швејткин. Тој рече дека треба да се уништи делот од Киев каде што се наоѓа украинската влада и предложи напад врз зградата на американската амбасада во Киев.
Пронајдете не на следниве мрежи:


