Руската манекенка ги диктира трендовите: Оваа модна комбинација на Ирина Шајк ќе биде апсолутен есенски хит

Кога Ирина Шајк шета по улиците на Њујорк, тоа не може да пројде незабележано.
Манекенката прошетала во стајлинг за кој модните експерти велат дека ќе биде апсолутен есенски моден хит. Ако сакате да ги следите трендовите, облечете се вака и ќе бидете перфектно стилизирани.


Во текот на есенскиот период, кратките фустани со цветен дезен како и кожните јакни ќе бидат многу актуелни парчиња, а “бајкерските” чизми исто така ќе се најдат на врвот на модната листа.
Овој аутфит е интересен спој помеѓу женствените и бунтовнички парчиња облека, а заедно во комбинација тие креираат одличен изглед кој привлекува внимание каде и да се појавите.
Ирина често ја гледаме во перфектни изданија, но овој ги надминува сите досегашни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.