Руските и американските дипломати денеска разговараат за Сирија

Високи дипломати на Русија и САД во четврток на состанокот во Лондон ќе разговараат за сирискиот конфликт, соопшти руската страна во најавата на последната од низата средби чија цел е да се најде начинот да се стави крај на крвопролевањето во Сирија.Специјалниот пратеник на Руската Федерација за Блискиот исток, заменикот министер за надворешни работи Михаил Богданов ќе разговара со заменикот на државниот секретар на САД, Вилијам Барнс на маргините од меѓународниот собир посветен на Јемен, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.Планираната средба ќе се одржи откако минатиот петок рускиот и американскиот претседател, Валдимир Путин и Барак Обама, според соопштението на Белата куќа, се согласиле во врска со „потребата од поттикнување на политичката транзиција“ за што поскоро да се стави крај на насилството во Сирија.Кремљ од своја страна по повод истиот разговор соопшти дека Путин и Обама на своите министри за надворешни работи им рекле да бараат „нови иницијативи“ за да што побрзо да се запре сириската граѓанска војна.Богданов претходно во средата се сретна во Лондон со алжирскиот дипломат Лакдар Брахими, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, како и со шефот на британската дипломатија Вилиајм Хејг при што било разговарано за истата тема.
МакфаксВисоки дипломати на Русија и САД во четврток на состанокот во Лондон ќе разговараат за сирискиот конфликт, соопш

Пронајдете не на следниве мрежи: