Извршниот одбор на кошаркарската Евролига донесе одлука за исфрлање на руските клубови од Евролигата и Еврокупот во тековната сезона, објави Фена.

Неколку дена по почетокот на руската инвазија, руските клубови беа суспендирани, а раководството на Евролигата денеска одлучи до крајот на сезоната дефинитивно да ги елиминира ЦСКА Москва, УНИКС Казан и Зенит Санкт Петербург од Евролигата.
Што се однесува до Локомотив Кубан, тие ќе испаднат од Еврокупот.
Сите резултати постигнати од руските клубови ќе бидат избришани и нема да се бројат по сегашниот редослед.
Пронајдете не на следниве мрежи:


