четврток, 12 ноември 2026
Најново

Руте во Собранието: Безбедноста на Западен Балкан е клучна за НАТО, сметам на Северна Македонија да води со пример

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате, стоиме заедно со вас и заедно ќе бидеме заштитници на мирот и на безбедноста на нашите нации. Северна Македонија има придобивки од ова секојдневно. На пример, авионите од Грција и од Италија патролираат на вашето небо за да бидете безбедни. Ова праќа јасен сигнал дека никој не е сам во НАТО, вашите пријатели и сојузници се секогаш со вас, секогаш кога се соочуваме со насилен свет – истакна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во обраќањето пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски, првите луѓе на институциите, верските заедници и дипломатскиот кор во земјата.
– Русија продолжува да му се заканува на нашиот безбеден свет и притиска со својата воена агресија врз Украина. Русија стана екипа со Кина, со Сверена Кореја и со Иран. И заедно ги шират своите способности да нè притискаат уште повеќе. Глобалниот натпревар се интензивира, а сојузниците се соочуваат со постојани закани од тероризам. Иран беше извозник на хаос. Опасноста што ја претставува Иран е далекосежна. Сојузниците мора да се свесни дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и мора да обрнеме особено внимание на ова – рече Руте.
Генералниот секретар во говорот во Собранието се осврна и на финансирањето на НАТО посочувајќи дека тоа е клучно за безбедноста на сите членки.

Според него, само заедно „може да останеме на страната на демократијата и безбедноста“.
– Како пратеници сметам на вашата поддршка и на артикулирање на важноста од инвестициите во одбраната – рече генералниот секретар на НАТО.

Руте зборуваше за поддршката што НАТО ѝ ја дава на Украина во војната со Русија нагласувајќи ги и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, но исто така и дека е јасно оти украинската безбедност е наша безбедност.
– Да не заборавиме дека безбедноста на Западен Балкан е клучна и суштинска за НАТО. Безбедноста во овој регион е споделена одговорност и ќе сметам на Северна Македонија да води со пример – рече Руте.
Генералниот секретар, како што рече, денеска лично посведочил на придонесот што Северна Македонија го дава на за безбедноста во напредните копнени сили на НАТО во Бугарија и во Латвија, каде што нашите војници помагаат да се одврати агресијата и ја бранат територијата на сојузниците.
– Во соседно Косово вашите сили се дел од мировните мисии под водство на НАТО – КФОР. Денес станавте извозник на безбедност. КФОР придонесе значително за регионалната безбедност, долгорочна стабилност во Западен Балкан. Невољите од минатото мора да ги држиме строго во минатото затоа што реториката која е без смисла може да биде многу опасна. Ние не смееме да се дозволи да се загрози мирот. Ќе продолжиме да работиме заедно како сојузници и овде особено ја ценам перспективата што вие и другите сојузници ѝ ја овозможувате на алијансата, токму како и со нашите партнери од ЕУ – рече Руте.
На почетокот на говорот на генералниот секретар на НАТО во Собранието, пратеници од Левицата со транспарент изразија несогласување со политиката на НАТО. Руте не го прекина обраќањето, а  за однесувањето на пратениците рече дека е демократско.

Поврзани вести