четврток, 12 ноември 2026
Најново

Руте пристигна на скопскиот аеродром, пречекан од министерот Мисајловски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за одбрана Владо Мисајловски.
– Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук.
Руте е во прва официјална посета на земјава. Ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со собранискиот спикер Африм Гаши.

Поврзани вести