Ракометната федерација на Македонија го најави ракометниот спектакл кој ќе се одржи на 3 јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски“, тоа ќе биде дуел на македонските легенди против актуелната репрезентација на Македонија.
Натпреварот ќе послужи и како подготовка на македонската репрезентација за престојното Светско првенство кое ќе почне на 11 јануари. РФМ најави и неколку музички изведувачи за сптакаклот да добие комплетен сјај, а парите од влезниците ќе бидат донирани во хуманитарни цели.