САБОТАЖА ГО ПАРАЛИЗИРА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ГЕРМАНИЈА: Возовите запрени на северот од земјата! Падна радио мрежата

Саботажата на радиокомуникациските кабли предизвикала голем дефект што неколку часа го парализирал железничкиот сообраќај на северот на Германија, соопшти денеска германската железничка компанија Дојче Бан.

САБОТАЖА ГО ПАРАЛИЗИРА ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ ВО ГЕРМАНИЈА: Возовите запрени на северот од земјата! Падна радио мрежата

Поради саботажа на каблите, три часа утрово беше во прекин железничкиот сообраќај во цела северна Германија, изјави портпаролот на компанијата за Франс прес.

Дефектот е предизвикан од дефект на радио мрежата за возови GSM-R, која се користи за комуникација со машиновозачите, но и за поширока комуникација меѓу возовите и контролата, наведува весникот Шпигел, кој прво објави дека има сомнежи за саботажа, повикувајќи се на до безбедносни извори.

Шпигел наведе дека е можно главните кабли да се скршени на две места. Весникот Билд напиша дека за ова е неопходно да се има „одредено знаење“ за железничкиот систем.

Врските меѓу Берлин и некои области на запад и север од земјата, како што се Шлезвиг-Холштајн, градовите Хамбург и Брен и Долна Саксонија, како и делови од Северна Рајна-Вестфалија се прекинати. Прекината е и врската Берлин-Амстердам. Прекините и доцнењата се очекува да продолжат денеска, иако железничките услуги се обновени, соопшти Дојче Бан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.