САД НАЈАВИЈА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ВО ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА ВО ВРЕДНОСТ ОД 1,1 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

САД денеска најавија нов пакет оружје и воена опрема за зајакнување на оружените сили на Украина во вредност од 1,1 милијарда долари.

Пакетот вклучува ракетни системи „Химарс“, системи за уништување дронови, радари и оклопни возила, како и муниција, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Пентагон соопшти дека пакетот претставува „повеќегодишна инвестиција за зајакнување на критичната способност на вооружените сили на Украина“ во мигови на продолжена борба против инвазијата од руската армија.

Вкупната помош на САД за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари достигна 16,2 милијарди долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.