САД ни држат “нож под грло со царините

Со воведувањето на царини за увоз на кинески стоки САД ни ставија “нож под грло“. Вака ја оценува сосотојбата со трговската војна меѓу двете земји кинескиот заменик министер за трговија, Ванг Џувен. Иако не може да се каже дека и до сега преговорите беа беспрекорни Американците го напуштија принципот на меѓусебно разбирање со Кина.
САД ја започна трговската војна со воведување на царини за челик и алуминиум, на што Кина возврати со царини за американските земјоделски и други производи. Со тоа се нарушија односите меѓу двете најголеми економии во светот.
Според кинескиот министер за надворешни работи, Винг Ји одредени сили во САД упатуваат неосновани обвинувања на сметка на Кина со што дополнително ја трујат и распалуваат атмосферата на кинеско-американските односи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.